Коронавирусот зеде седум човечки животи, најмладиот пациент е од Струмица

од Берта Китинска

Во последните 24 часа се направени 1721 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на ковид-19.

Починати се 7 лица, двајца пациенти од Струга (78г и 80г), пациент од Кочани (77г), од Струмица (44г), од Скопје (72г), од Битола (79г) и еден пациент од Гостивар (79г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16088, бројката на оздравени пациенти е 13550, на починати е 668, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1870.

Слични содржини