Косово: Регистриран британскиот сој на коронавирус

од Nikola Popovski

Три случаи со новиот британски вид коронавирус се регистрирани на Косово, потврди денеска косовскиот министер за здравство Арменд Земај, објави Коссев.

Косовскиот институт за јавно здравје претходно испрати 30 примероци од коронавирус на тестирање до Институтот во Берлин, Германија, за да утврди дали новиот вид е присутен на Косово.

Врз основа на резултатите од анализата во Берлин, три примероци биле позитивни на прелиминарниот тест како SARS-CoV-2 вирус B.1.1.7, рече Земај на прес-конференција, потсетувајќи дека Косово претходно го прекина воздушниот сообраќај кон Велика Британија.

Земај соопштил дека епидемиолошката состојба на Косово е под контрола, како и дека намалувањето на бројот на заразени гледа новата категоризација на општините врз основа на неделниот број на заразени.

Од вечерва само две општини се во црвената зона – Приштина и Косово поле. Според новата категоризација, 19 општини ќе бидат во жолтата зона во следните седум дена.

Слични содржини