Косово со највисок раст на БДП во следниве две години, Македонија ќе има најнизок раст на Западен Балкан во истиот период

од Vladimir Zorba

Светската банка прогнозира раст на Бруто домашниот производ (БДП) во 2024-та и 2025-та година на сите земји од Западен Балкан во однос на 2023 година, освен на Албанија и Црна гора.

Според извештајот за Глобалните економски изгледи за јануари 2024-та на Светска банка, Македонија годинава ќе има раст од само 2,5 отсто, што е на последно место. Највисок раст годинава ќе има Косово (3,9%).

Што се однесува за 2025-та година, Светска банка на Македонија и предвидува раст од 2,9 отсто, што исто така е најнизок раст од шестте разгледувани земји на Западен Балкан. Во извештајот на СБ се предвидува дека Косово ќе има раст од дури 4 отсто.

Србија е веднаш зад нејзната поранешна покраина со раст од 3,8 отсто во 2025-та година.

Податоците се предвидување за 2024-та и 2025-та година од страна на СБ, се вели во овомесечниот извештај.

Слични содржини