Косово: Трамп доби езеро и мост (фото)

од Nikola Popovski

Србите на северот на Косово и Метохија поставиле транспаренти на Брњачкиот мост и на браната на езерото Газивода, со кои му испратиле порака за поддршка на американскиот претседател Доналд Трамп.

Пораките биле испратени поради неговата борба за мир и напредок во регионот и неговиот ангажман во дијалогот меѓу Белград и Приштина.

На мостот бил прикачен транспарент со порака на англиски јазик „Претседателе Трамп, косовските Срби ви благодарам што воспоставивте мир“, пренесува порталот „Косово онлајн“.

Како што се наведува, транспарентот бил поставен на браната на езерото Газивода и на него пишува „Езеро Трамп“.

Слични содржини