Костадинов: Од меѓународната заедница добив информации кои укажуваат дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ прави се да не се отпочнат преговори со ЕУ

од Viktor Jovanov

Сериозни информации укажуваат дека раковоството на ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат пред претсавници на меѓународната заедница да направи Република Северна Македонија да не отпочне преговори во членството со Европската унија, изјави портпаролот на СДСМ и пратеник Костадин Костадинов.

-Непосредно пред да дојдам во емисијата, добив сериозни информации кои укажуваат дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ пред претставници на меѓународната заедница говорат и даваат се од себе Република Северна Македонија да не отпочне преговори со членството во ЕУ. Целото тоа деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ имавме можност да го видиме и во Собранието и на прес конференции, вели Костадинов.

Слични содржини