Ковачевски бара измени на Балансерот

од Nikola Popovski

Балансерот е воведен од ВМРО-ДПМНЕ кој произлегува од Охридскиот рамковен договор. Со текот на времето, тој балансер почна да се злоупотреба од страна на сите, рече денеска екс-премиерот Димитар Ковачевси, одговарајќи на новинарско прашање за укинување на Балансерот при вработувања во јавната администрација.

Тој наведе дека има примери „кога едно лице за да се вработи, наутро ќе биде Македонец, попладне ќе биде Србин, навечер ќе стане Турчин…“, како што објавуваа дел од медиумите во последните неколку години.

-Тоа е злоупотреба на идејата за рамноправна застапеност на различните етнички заедници во државата, согласно принципите на Рамковниот договор. Мораме да воведеме закони и принципи и механизми, рече лидерот на СДСМ.

Според него, сите заедно треба да се вклучат за да се најде решение.

Слични содржини