Ковачевски-Чука: Војната во Украина е доказ за итноста од проширувањето на ЕУ

од Nikola Popovski

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска оствари средба со премиерот на Република Романија, Николае Чука.

Двајцата премиери кои ја остварија средбата на маргините на Состанокот на премиерите на земјите членки на НАТО од Југоисточна Европа, изразија задоволство од одличните билатерални односи засновани на пријателство и меѓусебно почитување и заклучија дека остануваат можности за дополнително унапредување на врските меѓу Романија и Северна Македонија во повеќе области.

Пријателството на Романија, рече на средбата претседателот на Владата Ковачевски, Северна Македонија го препознава и во силната поддршка на оваа земја во остварувањето на нашата стратешка цел за интеграција во ЕУ.

Премиерите Ковачевски и Чука се согласија дека војната во Украина е уште еден доказ за итноста од проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан и дека тоа денес е безбедносно прашање за регионот и за Европа.

 

Слични содржини