Ковачевски: Енергетската криза ја претворивме во можност, со зголемено домашно производство ги заштитивме граѓаните од ценовен шок

од Nikola Popovski

Премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски во рамки на посетата на САД, се сретна и со Ахим Штајнер ко-претседавач на Обедениетите Нации за енергетика.

Во изјава по настанот, премиерот Ковачевски истакна дека нашата држава ја искористила глобалната енергетска криза за да ја зајакне енергетската независност.

„Она што го нагласив на средбата е дека Северна Македонија, енергетската криза ја претвори во можност и дека покажа колку е важно да се има знаење и посветеност во делот на енергетскиот сектор. Во услови на најголемата светска енергетска криза, преку домашното производство на електрична енергија, успеавме да ги заштитиме граѓаните и стопанството од ценовен шок.

Кај нас струјата, парното, храната не беа недостаток и немаше никакви рестрикции, тоа е прв заклучок по завршувањето на енергетската криза. Второ ги заштитивме и компаниите и граѓаните и трето, го донесовме најголемиот пакет на антикризни мерки за граѓаните за најранливите категории на граѓани и за одржување на ликвидноста на компаниите во износ од 760 милиони евра – според податоците на Светската банка, најголем од сите земји во регионот.

Во услови на светска криза го зголемивме домашно производство и ЕСМ наместо законски предвидените 60% производство на електрична енергија, во целост, односно 100% обезбеди струја за домаќинствата и за малите потрошувачи.   Образовните институции, болници, комунални дејности беа вратени на регулираниот пазар, со цел намалување на нивните трошоци за работа и избегнување на крах во овие клучни дејности“ посочи Ковачевски.

Премиерот, се осврна и на поддршката што Македонија ја добива од своите стратешки сојузници и партнери.

„Помошта од нашите сојузници и стратешки партнери, како и на Европската Унија со 80 милиони евра, беше многу значајна за да успееме да ги реализираме нашите напори да нема ценовен шок за граѓаните и сметките за струја да останат исти. Паралелно, вложувавме во обновливи извори на енергија. Секое домаќинство или фирма имаат можност да стават фотоволтаици на покривот за производство на струја“ заклучи Ковачевски.

Слични содржини