Ковачевски-Гутереш: Продолжува соработката на С. Македонија со ОН

од Nikola Popovski

Со Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш дискутиравме за важноста од солидарност и соработка за промовирање на мирот, човековите права и одржливиот развој во услови на силни светски турбуленции, информира вечерва премиерот Димитар Ковачевски за средбата со првиот човек на Организацијата на Обединети Нации.

Еден од заклучоците на средбата бил дека посветената работа за напредокот, поддршка на ранливите граѓани и јакнење на демократијата треба да бидат клучни во овие тешки времиња.

-Соработката со Организацијата на Обединетите Нации ќе продолжи и во иднина со цел обезбедување поддршка за нашите развојни цели во контекст на евроинтеграциски процеси, потенцира Ковачевски.

Претходно беше објавено дека премиерот имал средба и со американскиот претседател Џо Бајден.

Слични содржини