Ковачевски има одржлив економски план, 2023 е година на економски пресврт, тврдат од Бихаќка

од Vladimir Zorba

„Претседателот Димитар Ковачевски, има план за иднината, за нова економска пресвртница, план кој е одговор на сите предизвици и кој обезбедува сигурна иднина, за секој еден да живее подобро, да бидеме побогати, понапредни како држава“, соопштија од Бихаќка.

„Со анткризни мерки вредни 760 милиони евра, во овие 10 месеци, може да се каже дека македонската економија е спасена.

Го поддржавме стандардот на граѓаните, компаниите, ранливите граѓани кога беше најпотребно и цврсто ја држевме линијата против глобалната криза.

Го поддржавме стандардот на граѓаните и ги помогнавме компаниите. Цената на струјата ја субвенционираме за 600.000 домаќинства и за 72.000 компании Никој нема да биде оставен сам.

Двојно поевтина цена на струјата обезбедивме за 233 основни и средни училишта, за 50 јавни претпријатија, за 235 домашни компании кои произведуваат основни прехранбени продукти или вкупно за 518 субјекти.

Грижата за граѓаните и поддршката а компаниите продолжува и во следната година, а во таа насока е и Буџетот за 2023 година каде се предвидени пари за нов раст на минималната плата и пензиите, како и 800 милиони евра за капитални инвестиции“, истакнуваат оттаму

Слични содржини