Ковачевски: Пензионерите нема да бидат оставени сами да се справуваат со кризата

од Nikola Popovski

Премиерот Димитар Ковачевски попладнево бил во посета на двајца пензионери, при што изрази благодарност за срдечниот пречек.

Ковачевски соопшти дека поразговарале за тоа како е пензионерскиот живот, за стандардот и за тоа како ја поминуваат тешката криза.

-Големо благодарам за тетка Лепа и чичко Раде за срдечниот пречек и за дружбата. Знам дека не е лесно, особено за пензионерите. Но, тие никогаш нема да бидат оставени сами да се справуваат со кризата. Годинава ја зголемивме пензијата, наредна година ќе се зголеми пак, за тоа и се погриживме да има пари во новиот буџет. Но поважно е што системски се поставивме и како што ќе растат трошоците, така ќе растат и пензиите.

Сите ние сме деца на пензионерите, тие ја заслужуваат нашата поддршка и ќе ја имаат секогаш, порача Ковачевски.

Слични содржини