Ковачевски: Процесот на ЕУ го зајакнува нашиот идентитет, култура и македонскиот јазик го зацврстува во рамки на европскиот мозаик на јазици и култури

Имаме 11 673 странски државјани ои учествувале во програми за мобилност, реализирани преку Еразмус програмата од 2021 до денес, вели тој

од Бети Божиноска

„Финансиски средства преку ИПА програми кои што се финансираат доминантно инфраструктурни проекти, ИПАРД програмите преу кои што се финансираат проекти во земјоделството и нашата држава е држава која што има најголема искористеност од сите земји во регионот и поголема искористеност дури и од земјите во ЕУ. И третата важна е Еразмус програмата, зошто Еразмус програмата е важна? Таа е важна од најмалку два аспекти, првата е финансиска меѓутоа по мене уште поважна е мобилноста за студентите и можноста да посетуваат настава, да одат на универзитети и на училишта надвор од нашата држава“, изјави претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на Инфо сесија: ЕУ за младите – за знаења, вештини и добро платена работа.

Тој додаде дека од друга страна можноста од други држави да дојдат студенти и да се запознаат со нашето образование, нашата култура, со нашата земја, тоа е исто така многу важно бидејќи процесот на ЕУ го зајакнува нашиот идентите, нашата култура и нашиот македонски јазик го зацврстува во рамки на еврипскиот мозаик на јазици, култури и европски идентитет.

„Имаме 11 673 странски државјани ои учествувале во програми за мобилност, реализирани преку Еразмус програмата од 2021 до денес а во претходната програма активно учество од нашата земја зеле 30 000 ученици и студенти млади кои што посетувале настава во други држави.

Јас како универзитетски професор сум имал можност да учествувам на две програми како предавач и креатор на меѓународни европски кориколуми за настава на напредни студии во однос на иновација, технологија и тн, и можам да го споделам моето лично искуство дека не само што стекнав нови знаења, не само што можев моето знаење да го пренесам на други универзитети така и да ја прмовирам Македонија туку и стекнав многу добри пријатели од универзитети во Словенија, Литванија, во Турција, Италија, Грција и од други држави кои што пријателства значат многу за воспоставување на подобри односи помеѓу државите, за градење на подобри добрососедски односи и на тој начин градење што побрзо на капацитети на нашата држава за побрзо завршување на преговорите и побрзо зачленување во ЕУ“, потенцираше Ковачевски.

Тој додаде дека имаме многу јасен план за остварување на нашата цел а тоа е членство во ЕУ со новата Влада по победата на парламентарните избори на 8-ми мај

„Планираме да го забрзаме процесот на зачленување со донесување на потребните одлуки, 4 години се сосема доволни за завршување на преговарачкиот процес бидејќи покажавме дека во година и пол можеме да завршиме успешно скрининг процес за што комплименти давам на сите што беа вклучени на чело со Бојан и потоа за уште две години да се заврши процесот на ратификација и СМ да стане земја членка на ЕУ. Значи нема откажување од европската иднина на Македонија, јас ве поттикнувам сите вас млади кои сте тука присутни меѓутоа и сите оние кои што не следат по пат на социјалните медиуми да не се откажуваат од својата европска иднина“, рече Ковачевски.

Слични содржини