Ковачевски: Во моментов немаме прифатливо решение со Бугарија

од Nikola Popovski

Премиерот Димитар Ковачевски уште еднаш повтори дека никакви тајни преговори со Бугарија околу спорот.

-Направивме одредени чекори во областа на економијата и работните групи. Почна одобрување на стипендии за македонски студенти, тоа ќе го направиме и ние за бугарски студенти. Во однос на ветото, јас уште еднаш сакам да кажам дека не се врзувам со датуми. МНР работи на политичките прашања и ги разговараат на средби според стандардите на меѓународните односи. Во моментов се работи на размена на идеи по отворените политички прашања. Штом ќе има решение прифатливо за двете страни, тоа ќе биде соопштено како на институциите во Република Бугарија, така и кај нас согласно нашето уредување. Во моментов такво решение не постои, одговори Ковачевски на новинарско прашање.

Ковачевски дополни дека Министерството за економија е во контакт со Министерството за енергетика на Бугарија за забрзување на работите за интерконекторот за гас во делот од Петрич до Струмица што е значајно за енергетското снабдување и диверзификација.

„Со Бугарија имаме и комуникација за дневно справување со кризата, во сите делови како во делот на енергенсите, храната итн. Јас би сакал да апелирам на дел од претставниците на опозицијата или на дел од независни аналитичари да не се злоупотребува она што го имаме како контакти и со Србија и со Бугарија во однос на дневната комуникација која што ја имаме за взаемна соработка и справување за излез од кризата”, нагласи премиерот Ковачевски.

Слични содржини