Ковачки: Дали возилото на Панче, со кое е киднапирана Вања, 3 дена се движело по скопските улици?

од Nikola Popovski

Министерот Оливер Спасовски молчи и не одговара дали возилото на убиениот Панче, со кое е киднапирана Вања, 3 дена се движело по скопските улици, обвини денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.

Според него, ова е важно затоа што, како што вели, доколку МВР распишало централна објава по возилото, тоа ќе било најдено веднаш штом ќе се регистрира од страна на системот Сејф Сити, а убијците на Панче ќе биле фатени, односно убиството на Вања можеби и немало да се случи.

-Спасовски мора јасно и без политизирање и филозофирање да одговори дали возилото на убиениот Панче влегло во Скопје од правец на Велес уште на 24 ноември, 15 тина минути пред 7 часот и дали се до 27 ноември – денот на убиството на Вања, истото се движело низ Скопје, без полицијата да ги приведе убијците? Дали истото возило поминало на истата локација од која што влегло на 24ти и на 25ти вечерта? Спасовски мора да одговори, дали МВР знаела, т.е. имала можност да го лоцира возилото, но тоа не е направено затоа што не распишале централна објава, праша Ковачки на прес-конферренција во седиштето на партијата.

Да потсетиме, покрај девојката беше пронајдено и телото на убиениот фризер. Делото е извршено со пиштол, а осомничените, меѓу кои и нејзиниот татко, се уапсени. Александар Ѓорчевски е осомничен дека давал информации за движењата на убиената Вања. Според првите информации, тој наводно кажал кога девојката ќе излезе од дома, како и кога ќе биде сама.

Слични содржини