Ковачки: За нова влада не одлучува Ахмети, туку народот на избори

од Vladimir Zorba

„Али Ахмети вчера вели ВМРО да не сонува за создавање мнозинство со Левица“, вели Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

„Но, Ахмети треба да знае 3 работи:

1. За нова влада не одлучува Ахмети туку народот на избори. Власта ја дава и зема само народот на избори, затоа толку многу се плашат и бегаат од соочување со народот.

2. Правилото на коалицирање на победник со победник не важи и никаде не е запишано, па стравот на ДУИ од ортачките криминали со СДС затоа им е се поголем.

3. Добро е што со ваквите изјави си ги откриваат спотерите и асовите во политиката, но ВМРО оваа влада ќе ја сруши заедно со народот“, посочува тој, меѓу другото.

Слични содржини