Ковид-бројки во земјава: 421 заразени и 395 оздравени

од Nikola Popovski

Министерството за здравство информира дека денес е регистриран 421 нов лабораториски позитивен случај на SARS CoV-2. Од направени се 2.900 тестирања, има позитивни во: Скопје – 211, Куманово – 32, Штип – 26, Велес – 25, Кавадарци – 19, Кочани – 15, Прилеп – 13, Охрид – 12, Македонска Каменица – 9, Гевгелија – 7, Струмица, Кичево и Крива Паланка – по 6, Свети Николе – 5, Гостивар – 4, Битола, Радовиш, Берово, Виница и Демир Хисар – по 3, Кратово и Богданци – по 2, Тетово, Неготино, Ресен, Пробиштип, Валандово и Крушево – по 1.

Регистрирани сe 395 оздравени пациенти од: Скопје – 220,Куманово – 31, Струмица – 20, Охрид и Тетово – по 14, Кочани – 12, Битола – 10, Штип, Велес и Кавадарци – по 9, Кратово – 7, Кичево – 6, Гевгелија и Крива Паланка – по 5, Гостивар и Пробиштип – по 4, Прилеп и Богданци – по 3, Неготино и Пехчево – по 2, Берово, Демир Хисар, Ресен, Валандово, Струга и Македонски Брод – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.333.204 тестирањана Ковид-19.

Слични содржини