Крајбрежна стража: Кислород во подморницата ќе снема во 13:08 часот

од Vladimir Zorba

Канадските воздухопловни сили објавија видео од потрагата по подморницата Титан, која исчезна во неделата за време на туристичка експедиција во потрага по делови од потонатиот Титаник.

Американската крајбрежна стража, пак, тврди дека залихите на кислород во подморницата „Титан“ ќе бидат потрошени најдоцна до денеска до 13 часот и 8 минути по македонско време.

Арон Њуман, инвеститор во OceanGate, операторот на подморницата, изјави за CNN дека подморницата е дизајнирана да се врати на површината.

„Титан под вода држи баласт, големи тежини кои помагаат да се стабилизира бродот, кои автоматски се ослободуваат по 24 часа за да може подморницата да излезе на површина“, рече тој.

Слични содржини