Кремљ: Се уште нема предуслови за мировни преговори со Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Руските цели во Украина во моментов можат да се постигнат само со воени средства, нема предуслови за мировни преговори, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков.

На новинарско прашање да ја коментира идејата на поранешниот претседавач на Минхенската безбедносна конференција, Волфганг Ишингер, да создаде контакт група на претставници на западните земји за решавање на украинската криза и да каже дали таа иницијатива може да помогне да се стави крај на конфликт, тој одговори негативно.

„Не, не мислиме“, рече Песков, пренесува „Интерфакс“.

Тој додаде дека засега нема предуслови за „премин на процесот на мирен курс“.

„За нас апсолутен приоритет останува и секогаш ќе остане постигнувањето на зацртаните цели. Сега тие можат да се постигнат само со воени средства“, повтори Песков.

Слични содржини