Кремљ: Наскоро ќе објавиме кои граѓани ќе бидат изземени од мобилизацијата

од Stefanija Kuzmanovska

Руската влада наскоро ќе објави кои категории граѓани ќе бидат изземени од мобилизацијата на резервисти со воено искуство, соопшти денеска Кремљ.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, не сакаше да ја коментира можноста за затворање на границите за да ги спречи граѓаните да го избегнат повикот за мобилизација, пренесува „Ројтерс“.

Претходно денеска рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за делумна мобилизација, прва во Русија по Втората светска војна.

Слични содржини