Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против Ј.Ф.(37) од струшкото село Драслајца, соопшти полицијата.


На 18 март при извршена контрола на лица со мерка „здравствен надзор и домашна изолација“, полициски службеници констатирале дека пријавениот не се наоѓа во неговиот дом и не се придржува кон мерките за четиринаесетдневна самоизолација. Тој, на 16 март оваа година на граничниот премин „Табановце“, своерачно, под полна морална, материјална и кривична одговорност, потпишал изјава дека доаѓа од Данска, која според Листата од СЗО е зафатена од коронавирус Ковид-19 и дека во времетраење од 14 дена во неговиот дом во селото Драслајца ќе спроведе задолжителна самоизолација.

Пријавениот, со непридржување до одредбите во изјавата ги прекршил мерките за самоизолација и постапил спротивно на прописите за спречување на појава, внесување, рано откривање, спречување на ширење и сузбивање на коронавирус Ковид-19, предвидени во одлуката на Владата и писмената наредба донесена од страна на Министерството за здравство.

Слични содржини