Кривокапиќ ги повика младите да се вратат во Црна Гора

од Vladimir Zorba

Вечерва кандидатот за мандатар за состав на новата црногорска влада, Здравко Кривокапиќ, ги повика сите млади луѓе да се вратат во земјатасо цел да помогнат во изградбата на „подобра Црна Гора“.

„Младите се нашата иднина и нашата движечка сила. Ги покануваме сите што се во странство да се вратат. Да изградиме подобра Црна Гора“, сподели Кривокапиќ на Твитер, пренесува Танјуг.

Кривокапиќ ќе започне разговори за составот на извршната власт оваа недела, а најпрво ќе разговара со водачите на Демократскиот фронт, објави подгорички Дан денес.

Слични содржини