Кронавирус: Во Скопје и натаму најмногу активни случаи

од Vladimir Zorba

Институтот за јавно здравје вчера регистрира 198 нови случаи на Ковид-19. Од новодијагностицираните и натаму најмногу има во Скопје – 83, следат Свети Николе – 27, Штип – 21, Куманово – 12, Битола – 11.

Во Гостивар има 10 новозаразени, Тетово – девет, Радовиш – седум, Струга, Охрид и Демир Хисар по тројца новозаболени, Прилеп, Велес и Пробиштип по двајца, а во Дебар, Кочани и Кичево по еден.

Вкупно активни случаи во земјава се 3 572.

Во Скопје и натаму најмногу активни случаи – 1 804, а следат Тетово со 286, Куманово – 212, Штип – 195, Струга – 166, Гостивар – 157, Свети Николе – 134, Охрид – 122.

Досега во земјата се направени вкупно 80.774 тестирања за Ковид -19.

Вкупниот број на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8 530, бројката на оздравени пациенти е 4 565, на починати е 393, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3572.

Слични содржини