Кружел 4 часа: Канадски авион со оштетен мотор слета безбедно во Мадрид

од Nikola Popovski

Патничкиот авион „Боинг 767“ на „Ер Канада“ со 128 патници и членови на екипажот слетале безбедно на аеродромот во Мадрид.

Авионот на линијата од Мадрид до Торонто ја напуштил нешто порано шпанската престолнина, но пилотот побарал дозвола од контролорот на летот да се врати поради оштетување на еден од моторите и пукнување на гумата при полетувањето.

Авионот го обиколуваше Мадрид речиси четири часа за да потроши горивото пред принудното слетување.

Авионот бил опкружен со возила за итни случаи веднаш по слетувањето на пистата на меѓународниот аеродром во Мадрид.

Синдикатот на шпанските пилоти „SEPLA“ претходно извести, без да се повикуваат извори, дека дел од авионот отпаднал и влегол во еден од моторите, оштетувајќи го.

Слични содржини