Ќучук: Македонското собрание денес испиша историја, време е да се оди напред

од Stefanija Kuzmanovska

Известувачот за Северна Македонија, Илхан Ќучук, смета дека македонското собрание испишало историја денес за европска иднина на земјата.

-Македонското собрание денес испиша историја за иднината на Северна Македонија. Со 68 гласа „ЗА“ беше усвоен францускиот предлог, а со тоа конечно се отворија вратите за членство на земјата во Европска Унија. Време е да се оди напред“, напиша на Твитер Ќучук, лидер на Европските Либерали, претставник на бугарската партија ДПС.

Слични содржини