Ѝ купувате рози на партнерката? Овие причини ќе ве одвратат од таа намера

Розата е најчест и најпопуларен подарок за драга личност на Валентајн, всушност и не е добра замисла.

Пред се, розите на тој ден се особено скапи. Покрај тоа, големата побарувачка треба да се задоволи со увоз од странство, а тоа без сомнение не е еколошки прифатливо.

Имено, во Еворпа розите воглавном пристигнуваат од Кенија, Етиопија, Колумбија и Еквадор, поради што треба да бидат пресметани и долгите транспортни рути и високата емисија на јаглероден диоксид.

Понатаму, производството и работните услови, во многу од спомнатите земји, се проблематични и често нехумани.

Треба да се потсети дека во продавниците во средина на февруари на располагање се бројни автохтони алтернативи. Во Европа во продажба можат да се најдат веќе првопролетните свеќа како лалиња, нарциси, зумбули, анемонии и слично.

Иако по бонтон, мажите на жените исклучиво подратуваат исечено свеќе и знаат дека саксиите се резервирани како подарок на жена од жена, можеби овој Валентајн би можеле да направите исклучок и да бидете оригинални и креативни.

Тие ќе траат повеќе отколку букет од рози. Затоа, мажите би можеле да размислат околу големиот избор на пролетно цвеќе во саксија.

Слични содржини