Курти: Договорот со Белград да се постигне во мандатот на Бајден и Борел

од Nikola Popovski

Премиерот на Косово, Албин Курти изјави дека договорот со Белград треба да биде готов до крајот на мандатот на американскиот претседател.

По средбата во Брисел, Курти исто така рекол дека колку подолго се одложува договорот, толку потешко ќе се постигне.

„Посочив дека договорот треба да се постигне за време на мандатот на Бајден и Борел. Колку побрзо биде постигнат, толку подобро ќе биде за нас. Ние мора да го искористиме почетокот на мандатот на Бајден за да го постигнеме тоа“, рече Курти, пренесува приштиски „Индекс онлајн“

По средбата со Курти во Брисел, претседателот Александар Вучиќ рече дека Курти дошол во Брисел да каже дека нема да се согласи за ништо.

Претседателот рече дека гледа многу неодговорност и несериозност. Според него, Србија ќе биде посветена на дијалогот, кој ќе продолжи до крајот на јули. Обраќајќи им се на медиумите по состанокот во Брисел, претседателот рече дека „тој не присуствувал на таков состанок“ и дека тоа нема никаква врска со реалноста и одговорноста.

Слични содржини