Курти ги повика Србите да се вратат во институциите и да учествуваат на изборите

од Vladimir Zorba

Косовскиот премиер Албин Курти ги повика Србите да се пријават за изборите во четири општини на северот на Косово, закажани за 23 април, потсетувајќи дека среда е последен ден за пријавување.

„Важно е сите оние кои сакаат да се занимаваат со политика на општинско ниво во четирите општини на север [на Косово], оние кои сакаат политички да ги застапуваат интересите на граѓаните, во овој случај на српското малцинство, да ги искористат последните часови и да се пријават за учество на изборите на 23 април“, рече тој.

Курти ги повика и Србите да аплицираат за влез во институциите на Косово, пренесе Танјуг.

„Не повикав да се вратат во институциите [на Косово], но постојано ги повикував сите што се заинтересирани не само за политиката, туку и за јавните служби, како што се полицијата, здравството, образованието…“, рече тој и додаде дека „сите Срби имаат право на тоа“.

Курти истакна дека не може да му каже на „оној што ја фрлил униформата на Република Косово ниту на тој што добил наредба во Белград по неговата оставка“ да се врати во институциите на Косово.

Курти тврди дека, според информациите што ги има од Министерството за внатрешни работи на Косово, „Србите се сè позаинтересирани за учество во институциите на Косово“, дури и за „замена на [регистарските] таблички“.

Претставниците на Српската листа во вторникот на средба со американскиот амбасадор во Косово, Џефри Ховениер повторија дека нема да учествуваат на изборите закажани за 23 април се додека не се исполнат барањата поради кои ги напуштија институциите на Косово, т.е. додека не се формира Заедница на српски општини (ЗСО) и до повлекување на специјалните полициски единици од северот на Косово.

Слични содржини