Кузеска: Нови 280 договори за поддршка со компании

од Берта Китинска

Следува потпишување на нови 280 договори за поддршка со компании кои влегуваат во инвестициски циклуси од околу 145 милиони евра.Истите ќе креираат повеќе од 3.700 работни места во наредните 5 години или до завршувањето на нивните договори, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Таа напомена дека само во 2021 година истите овие 280 компании, инвестирале околу 50 милиони евра и создале над 1.500 нови работни места.

-Со овој Закон за финансиска поддршка, во изминатите четири години на домашните компании им се дадени над 50 милиони евра. Станува збор за над 600 компании од кои 80 отсто имаат домашен капитал.На овој начин се реализира заложбата на Владата предовдена од СДСМ, домашните компании да бидат третирани исто како и странските компании во Македонија.Секоја финансиска поддршка од државата кон компаниите, вклучително и последнава, придонесува за зголемено производство, поголем извоз, но и отворање на нови работни места и повисоки плати за работниците, вели Кузеска.

СДСМ преку Владата и инситуциите што ги предводи продолжува да ја помага домашната економија, да инвестира во човечкиот капитал и во отворањето на нови добро платени работни места.

Слични содржини