Лајчак: По подолго време, ЕУ првпат е подготвена за проширување

од Stefanija Kuzmanovska

Специјалниот претставник на Европската Унија за Западeн Балкан и дијалогот Белград – Приштина, Мирослав Лајчак, навел дека првпат по долго време ЕУ е подготвена за проширување.

„На денешниот самит за Балканот истакнав дека првпат по некое време ЕУ е подготвена за проширување. Крајно време е да ја искористиме таа можност“, напиша синоќа Лајчак на платформата Х.

Лајчак вчера учествуваше на самитот ЕУ-Западен Балкан организиран од бриселскиот политички институт „Пријатели на Европа“.

Слични содржини