Лајпциг донесе големо засилување

од Nikola Popovski

Унгарскиот репрезентативец Доминик Шобошлаи е нов играч на Лајпциг. Тој пристигнува од Салцбург, каде играше изминатите две сезони.

Лајпциг му плати на австрискиот тим 25.000.000 за левото крило, кој потпиша договор до 2025 година и ќе го носи бројот 17.

Оваа сезона тој одигра 21 натпревар за Салцбург, на кои постигна девет гола и десет асистенции.

Слични содржини