Лажна дојава за бомба пред Владата при посетата на Фон дер Лајен

од Nikola Popovski

Постоела лажна дојава за бомба во Владата при посетата на шефицата на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, информираа од МВР.

-Денеска (28.09.2021) во Скопје полициски службеници го приведоа И.М., кој во 10.32 часот во СВР Скопје телефонски пријавил дека при посетата на претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен ќе биде активирана експлозивна направа пред зградата на Владата. Преземени се потребните мерки и активности и утврдено е дека пријавата е лажна. Лицето е приведено и задржано во полициска станивца по насоки на јавен обвинител, за натамошна постапка. Лажната пријава не влијае на посетата на претседателката на ЕК и активностите продолжуваат по планираната агенда, соопштија од полицијата.

Високата функционерка на ЕУ попладнево имаше заедничка прес-конференција со премиерот Зоран Заев во МКЦ.

Таа попладнево пристигна од Тирана каде се сретна со албанскиот премиер Еди Рама, а утре ќе замине во Белград каде ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Слични содржини