Левица најави целесна болкада на сите закони предложени од власта

од Берта Китинска

Пратеникот на Левица, Борислав Крмов денеска најави дека неговата партија ќе ги блокира сите закони на власта,поради злоупотребата на европското знаменце, посочувајќи го како пример законот за државјанства.

-Зборуваме за закон донесен зад затворени врати меѓу Алијанса/Алтернатива и СДСМ, издејствуван преку блокада во Собранието. Самите Алијанса и Алтернатива се фалеа дека ќе пумпаат 70 до 80 илјади државјанства со овој закон, баш пред пописот. Овој закон беше блокирна од Левица на Комисијата за одбрана и безбедност и сега власта, на очиглед на јавноста, го враќа назад и го пушта со европско знаменце, само да помине шверцерски и не става пред свршен чин. Како е можно еден Закон, до вчера да не носи Европско знамеце, сега одеднаш да стане со Европско знаменце, сега одеднаш да мора да се усогласуваат со некои си европски регулативи, значи такво нешто е невозможно, вели Крмов.

Според него најголемиот проблем е тоа што овој Законот ја крши Европската конвенција за државјанства, којашто ние ја имаме ратификувано. системски Закон не се носи во

-На ваков начин шверцување на овај закон претставува кривично дело, и тоа кривично дело за сите потписници во целата фаза на законот како што ќе оди во процедура. Значи почнувајќи од Министерството за надворешни работи, таму ќе биде потписот на министерот Оливер Спасовски, понатаму потписот на премиерот Заев како предлагач од Владата, претседателот Џафери, кој што треба да го пушти во процедура на крај дури и претседателот Пендаровски, кој што треба да го потпише. Сите тие подлежат на кривична одговорност и треба да внимаваат што прават, кажа пратеникот на Левица.

Слични содржини