Лидерите на ЕУ ги продолжија санкциите кон Русија поради анексијата на Крим

од Stefanija Kuzmanovska

Лидерите на Европската унија денеска се договорија да ги продолжат економските санкции кон Русија до крајот на јануари следната година поради анексијата на Крим во 2014 година и немири во источна Украина, јави „Вијести“.

ЕУ воведе санкции кон Русија за енергетскиот, финансискиот и секторот за производство на оружје, поради улогата на Москва во конфликтот во Украина, и ги продолжи неколку пати затоа што Крим одби да ја врати територијата на Украина, а во источна Украина се случи и конфликт.

На самитот на лидерите на ЕУ во денеска, беше договорено да се продолжат санкциите за уште шест месеци од крајот на јули, изјави претседателот на состанокот Чарлс Мишел, пренесе „Ројтерс“.

Официјален Киев го поздрави чекорот, изјавувајќи дека санкциите не треба да бидат укинати сè додека не се почитува мировниот договор за источна Украина.

– Од 2014 година, политиката на санкции на ЕУ помага во спречување на руската агресија против Украина. Санкциите испраќаат јасен сигнал: Русија мора целосно да го спроведе мировниот договор – рече украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.

Слични содржини