“Големо мнозинство од земјите-членки се движат во оваа насока”, изјави портпаролот пред   средбата на лидерите на ЕУ, каде што ќе се дискутира за ова прашање.

  “Се надевам дека овој тренд ќе продолжи и ние ќе постигнеме едногласност во четвртокот”, рече претставникот.

Европската унија се договори за значително намалување на емисиите на јаглерод до 2030 година, а Европската комисија сака Заедницата да ги намали на нула до 2050 година, за да се помогне во запирањето на глобалното затоплување, при што просечните температури на глобално ниво се зголемува.

Некои земји, силно зависни од согорувањето на фосилните горива за енергетски потреби како Полска и Чешка, не се подготвени да прифатат повеќе амбициозните цели кои ЕУ се надева да ги претстави на конференција за климатските промени под покровителство на ОН во септември.