Лили Рајнхарт бесна поради советот на Трамп за користење заштитни маски

од Elena Daskalova

Проблемот со недостатокот на заштитни маски станува глобален, а во меѓувреме се појавија многу совети за како да ги направите дома или да ги употребувате одново износените.

Дури и претседателот на САД советува рециклирање и реупотреба на веќе носената маска, што многу ја разлути актерката Лили Рајнхарт.

„Сестра ми е медицинска сестра. Работи во болница, но сега е дома бидејќи има температура и кашла. Не можеше да купи ни топломер бидејќи се распродадени. И сега овој глупчо советува реупотреба на заштитните маски…“, напиша актерката на својот профил на Твитер.

Слични содржини