Лиз Харли има секс со жена во новиот филм, кој го режира нејзиниот син: „Тоа беше мојот сон“

од Stefanija Kuzmanovska

Режисерот Демијан Харли е син на познатата британска актерка Елизабет Харли.

Светските медиуми пренесуваат дека Демијан го режирал филмот „Строго доверливо“ во кој неговата мајка има еротски сцени со друга жена.

Горд на кадрите, Демијан се пофали на Инстаграм и сподели неколку фотографии од сетот.

Филмот ја следи животната приказна на Миа додека таа е вовлечена во „свет на секс, дволичност и предавство“, а Демијан е пресреќен како сето тоа испаднало.

„Сите вклучени во проектот заслужуваат јавни изјави за обожавање, но во моментов ѝ се восхитувам на мајка ми Лиз која за време на снимањето на мојот прв краток филм во 2010 година (кога имав 8 години) вети дека ќе биде во мојот прв долгометражен филм и таа остана доследна на зборот“, напиша Демијан на мрежите и додаде:

„Штом овој филм доби зелено светло, мама остави сè и се упати кон прекрасните Кариби. Заедничката работа беше мојот сон“.

Ова не е прв пат Лиз да глуми во еден од проектите на нејзиниот син. Минатата година таа одлета во Сент Китс и Невис за неговиот краток филм „Момчето на плажата“.

Слични содржини