Лога ќе поднесе ново барање за екстрадиција на еск разузнавачите Грујовски и Бошкоски

од Vladimir Zorba

Министерот за правда Кренар Лога оствари работна средба со амбасадорката на Грција во нашата земја, Софија Филипиду.  Министерот Лога ја информираше Филипиду за скринингот во Брисел и поддршката од Европската Комисија за постигнатиот напредок во делот на судските реформи и владеењето на правото. ,,Грција отсекогаш ги подржувала европските амбиции на Западен Балкан, вклучувајќи ја и Република Северна Македонија и е подготвена да обезбеди стручна помош за олеснување на процесот“, рече Филипиду.

На средбата се разговараше и за уставните измени при што министерот  Лога соопшти дека во наредниот период, во координација со Премиерот и Претседателот на државата ќе се формира работна група која ќе работи на подготовката на измените на Уставот.

Министерот за правда Кренар Лога ја информираше амбасадорката на Грција  дека Министерството за правда ќе поднесе ново барање за екстрадиција на еск разузнавачите Горан Грујовски и Никола Бошкоски кои се обвинети во 2017 година за масовното прислушување на над 20 илјади граѓани .

„Не може да има правна држава додека овие луѓе не одговараат за делата кои ги сториле. Очекуваме, земјите од ЕУ да ни помогнат во спроведувањето на законите и враќањето на довербата во правосудниот систем“, порача министерот за правда Кренар Лога.

Министерот Лога и амбасадорката Филипиду очекуваат од двете држави ,интензивирање на напорите за целосно и доследно спроведување на Договорот од Преспа.  Соработката ќе продолжи и во  наредниот период преку организирање на работилници,официјални посети и средби на експертско ниво со цел да се олесни процесот на преговори со ЕУ. Поддршката на Академијата за судии и јавни обвинители во Солун ќе ни биде  од големо значење за приближување на нашето со европското законодавство.

Слични содржини