Лончар: Нова нормалност ќе биде да се вакцинираме двапати годишно

од Nikola Popovski

Како што сега стојат работите, нашата нова нормалност ќе биде таква што ќе мора да се вакцинираме на секои пет или шест месеци, во зависност од видот на вакцината, вели српскиот министер за здравство Златибор Лончар.

Тој посочи дека вакцината е најдобриот начин за заштита од коронавирусот, но и единствениот начин се да се држи под контрола, пренесуваат српските медиуми.

Зборувајќи за бројот на вакцинирани, Лончар рече дека нема причина да се сокријат тие бројки и дека би можеле да бидат објавени следната недела.

„Нема причина да не се каже тоа, тоа не се работи кои не треба да се знаат. Само не сакаме некаде да згреши“, изјави Лончар.

Тој рече дека е важно да се допре до луѓето кои „бегаат од вистината и не признаваат дека короната постои, дека народот умира од неа и дека единствениот лек е вакцината“.

Слични содржини