Лоренцо нема да учествува на ГП на Јапонија

од Vlatko K

Пилотот на Дукати, Хорхе Лоренцо нема да земе учество во остатокот од тркачкиот викенд на МотоГП во Јапонија, изјавија од неговиот тим. Шпанецот доби фрактура на левата рака по несреќа во Тајланд пред две недели и се уште чувствува силна болка.

Сепак Лоренцо си даде шанса и излезе на патеката во првата слободна тренинг сесија во Јапонија, но по само две обиколки се врати во боксот. Неговиот тимски колега Андреа Довициозо заврши на чело по првиот тренинг.

Дукати нема да пуштат заменик на Лоренцо за овој викенд, но тест пилотот Микеле Пиро ќе одржи тест во текот на неделата, во случај Лоренцо да не е подготвен да се натпреварува и во Австралија следната недела.

Слични содржини