Луѓе се тепаат со чадори: Турканици во „Лидл“ во Лесковац поради свинско месо на попуст (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Тепачка и турканици за поевтино пилешко, стоење во редици четири часа за чоколадо од 50 динари, грабнување за поевтини банани, борба за евтин шеќер, се само дел од сцените кои можат да се видат во последните неколку години на видеата објавувани од маркетите ширум Србија. Најновото „жариште на конфликт“ бил „Лидл“ во Лесковац.

Утринава на камерата во супермаркетот „Лидл“ во Лесковац е снимена нова ситуација кога муштерии, претежно пензионери, се грабнале за свинско месо од 400 динари на распродажба, па дури почнале и да се туркаат, пренесува порталот „Решетка“.

„Работата е што не само што беше евтино, туку беше и ограничено дека може да се земат само три килограми. Оваа слика е тажна и покажува колку ‘добро’ всушност живееме“, коментира читател на српскиот портал кој го испратил видеото.

Во второто видео, покрај турканицата за евтино месо, може да се видат и сцени како пензионери се тепаат меѓу себе со чадори.

Пред само неколку дена во белградски „Лидл“ дојде до судир на постари граѓани поради ќебапи на акција.

Обединетите синдикати на Србија „Слога“ соопштија дека премиерката Ана Брнабиќ и Владата на Србија треба да поднесат оставки поради сериозната социјална нееднаквост, „евтиниот и мизерен живот“ кој најдобро се илустрираше во овие видеа.

Слични содржини