Лукаревска: Даночната политика мора да биде столбот на државата

од Vladimir Zorba

„Она што е актуелно за случајот „Синџир“ кој го спроведе Управата за финансиската полиција, станува збор за ист процес и иста намера одредено злосторничко здружување и свои конекции и лоша замисла сакале да го оштетат буџетот преку злоупотреба на институт-даночен гарант, наш подзаконски акт, сакајќи да им ги олесниме на компаниите деловните односи. Тој даночен гарант повеќе не постои,“ рече директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска во емисијата Клик Плус на ТВ 2.

Таа посочи дека Управата преку контролите има откриено и случаи на фиктивен поврат на ДДВ кај одредени компании, при што се откриени лажна документација и сменети фактури.

Таа се осврна и на работодавачите кои не исплатиле плата на своите вработени.

„Со измените на законот за даночна постапка, ќе ставиме одредба за да може јавно да ги објавиме работодавачите кои не исплатиле плата, тоа го заслужува јавноста, а го заслужуваат и сите работници кои се обесправени од страна на своите работодавачи,“ рече Лукаревска .

Таа истакна дека 700 компании од почетокот на годината го изиграле системот на декларациите за плати и не поднеле декларација за да им исплатат плата на своите работници и тие се блокирани, а има и компании кои поднеле а не исплатиле.

Во врска со борбата со сивата економија, а со тоа и поефикасно полнење на буџетот, Лукаревска рече дека во рамки на Националниот совет за борба против неформалната економија, се анализира претходната и сегашната состојба , како и дека е направена Стратегија за постапување. Притоа како Управа таа рече дека се прават контроли при кои доколку се утврди неправилност во работењето се изрекува глоба.

„Даночната политика мора да биде столбот на државата, затоа што преку неа и преку позитивните даночни мерки ние го полниме буџетот на оваа држава,“рече Лукаревска.

Во однос на повратот на ДДВ кон компаниите Лукаревска информираше дека 33.8 милијарди денари се вратени во период од јануари до октомври.

Слични содржини