Лукаревска: Резултатите за претседателски избори се извесни, ќе имаме реприза од претходните

од Nikola Popovski

„По завршување на овие избори, повторно со препорака на ОБСЕ и ОДИХР, ќе седнеме и ќе разговараме за нов Изборен законик. За отворени листи, една изборна единица, 90 пратеници и ќе донесеме нов Изборен законик прифатен од сите политички партии,“ рече заменик претседателката на СДСМ, носител на ИЕ 3 и директорка на УЈП, Сања Лукаревска во емисијата Клик плус на ТВ 21.

Во врска со укинувањето на техничката влада кое како барање го постави опозицијата, Лукаревска посочи дека тоа е доказ за постоење на демократичност и функционирање на институциите.

Лукаревска најави дека во вторник СДСМ ќе има посебна конвенција за претседателскиот кандидат Пендаровски.

„Тоа е кандидат кој обединуваи многу државнички ја вршеше својата функција во изминатиот мандат. Кој не правеше разлика меѓу било кој граѓанин, ја имаше европската перспектива како дел од неговиот начин на делување и кој има сопствен одличен интегритет,“ рече потпретседателката на СДСМ.

Во однос на резултатите од претседателските избори, таа посочи дека извесни се резултатите, согласно рејтинзите и анкетите и ќе следува реприза од последните претседателски избори.

Слични содржини