Лукашенко издаде наредба: Обезбедите струја за Чернобил и спречете каков било напад врз Русите

од Milan1

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјави дека неговата земја ќе обезбеди струја за нуклеарната централа во Чернобил, но дека е исплашен и од „укранските воени платеници“ кои се упатиле кон тој објект.

Лукашенко им наредил на експертите да најдат начин да обезбедат струја за централата во Чернобил, за што тој наводно разговарал вчера со рускиот претседател Владимир Путин.

Претседателот на Белорусија додаде дека украинските граничари наводно ја напуштиле границата со Белорусија, која ја чуваат само белоруските гранични служби.

Втора наредба која беше издадена од Лукашенко се однесува на заштитата на руските сили на теренот. Тој и нареди на белоруската армија да спречи секаков вид на напад кој би бил насочен кон руските трупи во реонот на електраната Чернобил.

Слични содржини