Мадуро освои 67 проценти од гласовите во Венецуела

од Nikola Popovski

Партијата на претседателот Николас Мадуро со своите коалициски партнери извојува голема победа на парламентарните избори во Венецуела, кои ги бојкотираа највлијателните опозициски политичари, а меѓународната заедница ги смета за наместени.

Победата на парламентарните избори му овозможува на Мадуро целосна контрола врз политичките институции.

„Го освоивме Националното собрание со мнозинство гласови од народот. Тоа е, без сомнение, голема победа за демократијата“, рекол Мадуро во телевизиското обраќање.

Обединетата социјалистичка партија на Венецуела и коалициските партнери на Мадуро освоиле 67 проценти од местата во Националното собрание на изборите, изјави Индира Алфонзо, претседател на Националниот изборен совет на Венецуела. Таа посочи дека на изборите учествувале само 31 процент од 20 милиони запишани гласачи.

Со Националното собрание претседавал Хуан Гуаидо, поддржан од САД и десетици земји кои Мадуро не го сметаат за легитимен претседател. Гуаидо се обиде да го исфрли Мадуро од неговата позиција скоро две години и да стави крај на кризата во Венецуела.

И покрај исходот од изборите, сепак, се чини дека позицијата на Мадуро е ослабена, кој е обвинет за контрола на гласањето, но и на Гуаидо, чиј законски легитимитет е претседател на Националното собрание.

Опозицијата одлучила да ги бојкотира изборите поради одлуката на Врховниот суд за назначување нова изборна комисија, со која беа избркани тројца членови од опозициските партии.

Слични содржини