Магла и смог го покрија Скопје

од Берта Китинска

Вечерва повеќе општини од метрополата потонаа во смог и магла.

Мерните станици во главниот град вечерва регистрираа високи вредности на загадување во Лисиче, Карпош и Гази Баба.

Веќе неколку дена се со виолетова боја која висока загадувачка супстанца со највисока концентрација Тетово, Куманово, Кавадарци.

Присуството на штетните ПМ 10 честички исто така се на високо ниво. Поради тоа Владата донесе одлука за стапување на сила на неколку мерки во Тетово, Куманово и Кавадарци, но не и во Скопје иако ситуацијата е алармантна и во главниот град.

Од Владата велат дека според податоците на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на воздухот, прагот на алармирање за ПМ 10 честички, со надмината вредност од 175 мг/м3, е надминат во изминатите два последователни дена во овие три града, поради тоа само за нив важат мерките.

Должности на МЖСПП и МЗ

Да препорачаат на сите работодавачи  да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар.

Да се реорганизира работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11:00 до 17:00 часот.

Се препорачува да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено во овие три градови

Да се обезбедат услови за зголемени активности на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба.

Слични содржини