Македонец ограбил маркет во Црна Гора

од Nikola Popovski

А.К.(46) од Северна Македонија е уапсен во Бар, Црна Гора под сомнение дека украл пари од маркет во населбата Добра вода, соопшти тамошната Полициската управа.

„Од слобода е лишен А.К.(46) од Република Северна Македонија, кој, како што се сомнева, на 19 септември околу 15,00 часот влегол во внатрешноста на еден маркет во населбата Добра вода во Бар при што украл одредена сума пари од касата“, се наведува во соопштението на полицијата.

Од таму додаваат дека А.К. уапсен по наредба на обвинител.

Слични содржини