Македонија доживеа бламажа во Скопје, Грузија го однесе пленот

од Nikola Popovski

Македонската фудбалска репрезентација доживеа „бламажа“ на арената „Тодор Проески“ и загуби со 3-0 од репрезентацијата на Грузија, со што дојде до третата победа во групата Ц4 од Лигата на нации. Со тоа Грузијците ни се реваншираа за поразот во Тбилиси, во баражот за пласман на Европското првенство во 2021.

Стрелци за Грузија беа Зивзиадзе во 52-та минута, Кваратскелија во 62-ва, а судбината ни ја запечати Китеишвили со гол во 84-тата минута.

Со овој триумф Грузија сега избега на пет бода на половина пат од оваа групна фаза. За да дојдеме до првото место покрај тоа што ќе треба да ги победиме Грузијците на нивен терен, треба да чекаме и нивен кикс против Бугарија и Гибралтар, што е тешко остварливо.

Слични содржини