Македонија со убедлива победа против Словачка

од Vladimir Zorba

Македонската кошаркарска репрезентација оствари победа над Словачка со 87:74 во меч од претквалификациите за Европското првенство во 2021 година.

На тој начин, избраниците на Јорданчо Давитков ја зголемија уште повеќе предноста во својата група.

Хендрикс со 23, Трајковски со 14 и Војдан Стојановски со 13 поени беа најефикасни во македонскиот национален тим, додека кај Словачка, Кернер и Куриќ постигнаа по 17 поени.

На македонската репрезентација и преостанува само уште еден натпревар од овие претквалификации и тоа против Швајцарија. Во овој меч потребно е да не загубиме повеќе од 15 разлика, за да ја зачуваме својата позиција и да преминеме во следната фаза.

Слични содржини