Македонска салата со пестициди вратена од Хрватска

од Nikola Popovski

Европскиот систем за брзо предупредување за храна и храна за животни (RASFF) издал две важни предупредувања до хрватските граѓани. Откриена била опасна мувла во смокви од Турција, како и недозволив пестицид во мешана салата од Македонија.

Афлатоксин од типот Б-1 бил откриен во сувите смокви кои требало да бидат увезени во Хрватска од Турција преку Босна и Херцеговина. Контролата на границата ја открила мувлата, а сувите смокви биле уништени, информираат од „N1“.

„RASFF“ информира и дека хлорпирифос бил откриен во мешана салата од Македонија. Според хрватскиот медиум, овој забранет пестицид и претходно бил откриен во мандарини.

Хлорпирифосот е целосно забранет на територијата на Европската унија од април 2020 година. Бројни студии покажуваат дека изложеноста на овој пестицид може да влијае на невролошкиот развој на децата и да предизвика оштетувања кај се уште неродените деца.

Слични содржини