Македонски Концепт: Македонија ќе биде ЗЕМЈА УЧЕСНИК во ЕУ без право на одлука – треба да се прифати таа понуда

од Vladimir Zorba

Последните случувања во ЕУ, особено дадената потврда на вистинскиот „француски предлог“ од страна на претседателот на Француската Република господин Макрон, но и последните вести од ЕУ Комисијата испратени преку претседателката Урсула Фон Дер Лајен, беа предмет на итни внатрешни консултации и анализа од стручните и политички тела на Македонски Концепт.

Преку соопштение до медиумите тие ги изнесоа следните заклучоци:

„Светот се менува, ЕУ се менува, ние се менуваме, што е нормално. Стара ЕУ во која ние започнавме асоцијативен процес веќе не постои. Нема повеќе „полноправно членство“ во ЕУ.

За земјите кандидати, вклучително и Македонија се отвара специјално место – ЗЕМЈА УЧЕСНИК во ЕУ. Тоа значи дека, доколку заврши процесот на преговори, ние во идната ЕУ само ќе учествуваме, но нема да одлучуваме.

Нашата партија смета дека треба да ја прифатиме таа понуда, од две причини, прво тоа сепак е во интерес и ќе ја засили нашата државност, второ ЕУ нема алтернатива.

Согледуваме дека БРИКС се злоупотребува во македонската јавност и погрешно се презентира на нашите граѓани. Македонија треба да има супер односи со земјите од БРИКС, но тие не се и не може да бидат замена ниту за учество во ЕУ.

Патријата го задржува својот цврст проЕУ курс, исклучително врз база на ЕУ фундаментализмот, без прифаќање на „новото поведение“ кое го наметнуваат несозреани земји членки на Унијата.

Продолжуваме со политиката на активна поддршка на интегративниот процес на Македонија во реформираната ЕУ“.

Слични содржини